Бројот на загинати во рускиот напад врз ресторан во градот Краматорск во источна Украина е најмалку осум, а 56 се повредени, според новите информации од службите за итни случаи.
Меѓу загиантгите има три деца, соопшти украинската служба за итни случаи. „Спасувачите ги пребаруваат остатоците од зградата и бараат луѓе кои можеби се наоѓаат под урнатините“, се додава во соопштението.
Краматорск е голем град западно од линијата на фронтот во Доњецката област и најверојатно ќе биде клучна цел на можното руско напредување кон запад за да ја заземе целата област. Честопати беше цел на руски напади, вклучително и напад врз железничката станица во април 2022 година, во кој загинаа 63 лица.