петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бројот на загинатите во земјотресите во Турција се зголеми на 36.187

Бројот на загинатите во земјотресите во Турција се зголеми на 36.187

Бројот на загинатите во земјотресите што минатиот понеделник ја погодија Турција се зголеми на 36.187, соопшти денеска Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД).

Од Агенцијата посочија дека повеќе од 4.300 последователни потреси ја погодиле зоната на катастрофата од првичниот земјотрес.

Според претходните извештаи, повеќе од 41.000 луѓе загинале во двата силни земјотреси што ги потресоа Турција и Сирија на 6 февруари.