вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

БРЗА И ЕФИКАСНА ЕВАКУАЦИЈА Персоналот од амбасадата на САД во Кабул е на безбедно

БРЗА И ЕФИКАСНА ЕВАКУАЦИЈА Персоналот од амбасадата на САД во Кабул е на безбедно

Нед Прајс, портпарол на Стејт департменот денеска објави безбедно окончување на евакуацијата на дипломатскиот персонал од американската амбасада во Кабул.

– Потврдуваме дека безбедната евакуација на целиот персонал на амбасадата сега е завршен. Сиот персонал на амбасадата е лоциран во објакти на меѓународниот аеродром Хамод Карзаи, чиј периметар е обезбеден од војската на САД – соопшти Прајс.

Претседателот Џо Бајден претходно одобри распоредување на дополнителни 1.000 американски војници на аеродромот заради обезбедување на објектот среде евакуацијата на дипломатскиот персонал на САД, како и на авганистанските државјани кои бараат статус на бегалци во Вашингтон.

Во меѓувреме, вкупно 64 земји синоќа потпишаа заедничка изјава која повикува на безбедно и уредно заминување на сите што сакаат да го напуштат Авганистан по талибанската офанзива.

Помеѓу земјите потписнички на заедничката изјава, меѓу останатите се и САД, Канада, Франција, Германија и Велика Британија.

Портпаролот на талибанците, Забинулах Муџахид, вчера соопшти дека започнале да ја преземаат контролата врз Кабул и јавните згради откако владините сили го напуштија главниот град на Авганистан. По вестите за преземањето на контролата врз градот, голем број улици во Кабул останаа празни.