вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бундесбанк против олеснување на грчкиот долг

Бундесбанк против олеснување на грчкиот долг

Германската централна банка, Бундесбанк смета дека не се потребни мерки за олеснување на грчкиот долг и дека попрво е потребен надзор на Грција за преодниот период по излегување на земјата од програмата за финансиска помош, чиј рок истекува во август.

Во месечната анализа за Грција, Бундесбанк забележува дека Атина ги надминала поставените цели за примарен буџетски суфицит и дека тоа е причина да се смета оти на земјата не и се потребни дополнителни мерки за олеснување на нејзиниот долг.

Бундесбанк

Германската банка, сепак, предупредува на опасноста реакциите на пазарот да ја блокираат динамиката на грчките реформи.

Грција западна во финансиска криза во 2010 година и беше принудена досега да преговара за три спасувачки пакети. За возврат, земјата мораше да спроведе строги реформи, кои значително го намалија приходот на голем број Грци.

Актуелната и последна спасувачка програма завршува во август, по што Грција планира да започне да се финансира од пазарите.

МИА