петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бурата Сали се заканува да прерасне во ураган крај брегот на Флорида

Бурата Сали се заканува да прерасне во ураган крај брегот на Флорида

Тропската бура Сали денеска се засили крај брегот на западна Форида и се заканува да прерасне во ураган, соопшти Националниот центар за урагани (НХЦ), пренесуваат британските медиуми.

Центарот со седиште во Мајами соопшти дека бурата најверојатно утре ќе се претвори во ураган и ќе се приближи до централниот дел од Мексиканскиот залив.

Се предвидува ураганот потоа, во вторник изутрина, да стигне до Луизијана, Мисисипи и Њу Орлеанс.

Мексиканскиот Залив по втор пат за неполн еден месец е погоден од бура што го нарушува производството на нафта. (МИА)