Целата ирска Влада е во самоизолација, а Парламентот е суспендиран откако министерот за здравство пријави дека не се чувствува добро.
Претседавачот Шон О Фиргејл рече дека
– Сите сесии се одложени за, се надеваме, до следниот вторник или додека не добиеме упатства за повторно започнување на владината постапка, изјави претседавачот Шон О Фиргејл.
Ирскиот радиодифузер РТЕ објави дека министерот за здравство Стивен Донели контактирал со својот лекар за да направи тест за коронавирус.
Донели присуствуваше на владина седница и на прес-конференција на која ги објави најновите планови на ирската Влада за повторно отворање на економскиот и социјалниот живот на земјата.
Ирска во последните 24 часа има 357 нови случаи на коронавирус, а повеќето се пријавени во Даблин. (МИА)