недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Цената на гасот вртоглаво расте, изнесува 1.174 долари

Цената на гасот вртоглаво расте, изнесува 1.174 долари

Цената на гасот во Европа продолжува да расте на денешното тргување, од утринското ниво на 1.146 долари на над 1.170 долари за илјада кубни метри, првпат од 17 ноември, известува Тас повикувајќи се на податоци од лондонската ICE берза.

Во однос на затворањето на тргувањето во понеделник, цената на гасот во Европа пораснала за околу 7,0 проценти.

Српскиот претседател минатата недеа обебеди цената на гасот за Србија во следните шест месеци да остане непроменета по цена од 270 долари.

Ројтерс пренесува дека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска истакна дека преговорите со Украина за нов договор за транзит на гасот преку земјата зависи од побарувачката на рускиот гас во Европа.

Актуелниот договор за транзит на рускиот гас преку Украина истекува по 2024 година.