вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Церар се надева дека неговата партија повторно ќе биде во словенечката Влада

Церар се надева дека неговата партија повторно ќе биде во словенечката Влада

Актуелниот словенечки премиер Миро Церар изјави дека на парламентарните избори во недела очекува позитивен резултат.

Тој за словенечката „А телевизија“ изрази верување дека избирачите ќе знаат да ги наградат резултатите на неговата Влада во изминатите четири години, со оглед на тоа што таа ги „стабилизира“ политичките околности по кризниот период кога и се закануваше финансиска криза, а сега остварува годишна стапка пораст на БДП двојно и тројно повеќе од просекот во ЕУ.

Церар рече и дека постои можност неговата партија по изборите во недела повторно да се најде во „водечка улога“ при формирањето нова коалициска влада.

– Секоја коалиција е тешка, но треба да се соработува, рече Церар .

Во недела во Словенија ќе се одржат парламентарни избори, а право на глас имаат 1,6 милиони граѓани.

МИА