среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЦЕРН и го укина статусот на набљудувач на Русија

ЦЕРН и го укина статусот на набљудувач на Русија

Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) денеска соопшти дека го суспендира статусот на набљудувач на Русија и оти ја прекинува секоја нова соработка со Русија или нејзините институции до понатамошно известување.

Според соопштението на ЦЕРН, 23 земји-членки, сите европски земји и Израел ја осудија руската воена операција во Украина.

Украина е една од седумте придружни земји-членки, а Русија, како и САД, Јапонија и Европската унија, имаат статус на набљудувачи.

Советот на ЦЕРН донесе одлуки за Русија на состанокот за ситуацијата во Украина и изрази поддршка за „многу членови на руската научна заедница на ЦЕРН кои ја осудуваат инвазијата“. (МИА)