сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чадот од Канада стигна до Европа, се чувствува во Норвешка

Чадот од Канада стигна до Европа, се чувствува во Норвешка

Чадот кој се појави поради големиот број шумски пожари во Канада и кој веќе зафати делови од САД, стигна и до Норвешка.

Според Си-Ен-Ен, во последните денови облаци чад се протегале од Канада преку Гренланд и Исланд, па се до Норвешка.

Научниците од Норвешкиот институт за истражување на климата и животната средина (НИЛУ) успеаја да го откријат зголемувањето на чадот со помош на високо чувствителни инструменти, а потоа да го потврдат неговото потекло користејќи предвидливо моделирање. (МИА)