среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чамци со повеќе од 400 мигранти ја „нападнаа“ Велика Британија за само еден ден

Чамци со повеќе од 400 мигранти ја „нападнаа“ Велика Британија за само еден ден

Повеќе од 400 илегални мигранти кои бараат подобар живот во Европа се упатија кон британскиот брег преку Ла Манш за само еден ден, јави Скај њуз.

И покрај топлото време, бегалците ги ризикуваа своите животи дури и со бебиња во рацете. Бројките ги објави британската гранична полиција, која соопшти дека спасиле рекордни 409 лица, вклучително и мали деца, на 27 чамци и други мали пловни објекти.

Уште 53 мигранти беа спасени од Франција.

Околу 1.500 мигранти го преминаа Ла Манш во август, а над 7.400 бегалци го поминаа теснецот со мали чамци од јануари 2019 година досега.