Анкара и Каиро се договорија за подобрување на билатералните односи и подигнување на дипломатските односи на највисоко ниво, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
„Новата страница што ја отворивме со Египет сакаме да ја исполниме со заеднички проекти и успешни приказни“, рече Чавушоглу на прес-конференцијата во Анкара со египетскиот колега Самех Шукри. (МИА)