петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЧАВУШОГЛУ: Турција никогаш ниту прашала ниту ќе побара дозвола за своите воени операции

ЧАВУШОГЛУ: Турција никогаш ниту прашала ниту ќе побара дозвола за своите воени операции

На Турција не ѝ е потребна ничија дозвола за да спроведе воени офанзиви против осомничени курдски милитанти во Сирија, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

– Ние разменивме идеи, но, ние никогаш не сме прашале, ниту бараме дозвола за нашите воени операции, појасни Чавушоглу.

Изјавата ја даде два дена по Самитот во Техеран, каде и Русија и Иран се спротивставија на предлогот на Турција за нова воена операција во северна Сирија.