вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чавушоглу: Турција поддржува политичко решение на сирискиот конфликт

Чавушоглу: Турција поддржува политичко решение на сирискиот конфликт

Турција отсекогаш поддржувала политичко решение на сирискиот конфликт, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Режимот (сирискиот) не верува во политичко решение, тој верува во воено решение. Трајното решение е политичкото, изјави Чавушоглу во Анкара на прес-конференција со неговиот латвиски колега Едгарс Ринкевич одржана во Анкара.

Чавушоглу истакна дека Турција верува дека помирувањето е клучот за траен мир во Сирија, додавајќи дека Анкара силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.