недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чешкиот претседател опериран, ја скршил раката

Чешкиот претседател опериран, ја скршил раката

Чешкиот претседател Милош Земан имаше операција по падот во кој ја скрши раката и е во стабилна состојба, изјави денеска неговиот портпарол Јиржи Овчачек.

Земан (75) беше хоспитализиран доцна синоќа поради повреди.

Тој паднал во неговата резиденција додека одел без бастун, што обично го користи.

– Претседателот сега е на стандардна постоперативна нега, рече Овчачек.

Земан страда од невролошки компликации во ногата и обично оди со помош на бастун или телохранител.