сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Четири деца и тренерот ќе мораат уште да чекаат во пештерата

Четири деца и тренерот ќе мораат уште да чекаат во пештерата

Здравјето на заробените деца и тренерот во поплавената пештера во Тајланд се уште е добро, изјави водачот на спасувачката акција, гувернерот Наронгсак Осотанакорн.

Тој најави дека акцијата за спасување ќе биде продолжена утре.

Во пештерата во моментот се наоќаат четири деца и нивниот тренер, а досега спасени се осум деца, пренесува Ројтерс.

-Денеска им помогнавме на уште четири деца, рече Наронгсак.

Очевидци тврдат дека осум деца се извлечени од поплавената пештера, каде децата се заробени скоро две недели, јавија светските медиуми.

Денешната, втора фаза од акцијата за спасување на децата е завршена.

Четирите спасени деца со хеликоптер се префрлени во болница во која вчера беше сместена првата група која излезе од пештерата.

Нуркачите ги пронајдоа децата, на воздраст од 11 до 16 години, и нивниот тренер во понеделникот, на гребен кој е одалечен околу четири километри од влезот на пештерата.

Тие тргнале да ја истражуваат пештерата, но останаа заробени кога водата навлегла поради дождот.