вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Четворица странци киднапирани во Либија

Четворица странци киднапирани во Либија

Четворица странски работиници, тројца Филипинци и еден Кореец, се киднапирани во југоисточниот дел на Либија од страна на неидентификувана вооружена група, соопштија локалните власти.

Покрај четворицата странци, при нападот на групата врз постројката за вода „Ал Хасуна“, во близината на местото Ишвириф, биле киднапирани и неколкумина либиски работници, кои набрзо биле ослободени.

Четворцата странци работеле како техничари во постројката за вода.

Во соопштението на локалните власти не се посочува дали киднапираниот Кореец потекнува од Северна или Јужна Кореја.

(Миа)