Норвешката полиција денеска соопшти дека четворица туристи од Шведска и Финска се уште се водат како исчезнати откако вчера, како што се стравува, ги затрупала лавина во арктичкиот дел на Норвешка.
Лавината се случила вчера во северниот норвешки регион Тромс, популарен меѓу скијачите.
Временските услови не им дозволиле на спасувачките екипи денеска да ја продолжат потрагата, иако таа се уште не е откажана.
– Постои голем ризик од нова лавина… и во тоа подрачје има мала бура, изјави шефицата на полицијата на Тромс Астрид Елизабет Нилсен.