недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

CNN: Ким Јонг-ун е жив и здрав

CNN: Ким Јонг-ун е жив и здрав

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун е „жив и здрав“, објави Јужна Кореја, во време на шпекулации за неговото здравје. Советникот за надворешна политика на Јужна Кореја, Мун Џае Јинг, за „CNN“ изјави дека Ким Јонг-ун е „жив и здрав“ и дека „досега не се забележани сомнителни случувања“.

Официјален Сеул вели дека не се случува ништо што покажува дека Ким е болен.

Здравјето на Ким Јонг-ун стана тема во светските медиуми кога тој не се појави на 15 април за да го прослави роденденот на неговиот дедо Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека тврдењата во медиумите дека Ким е сериозно болен не се потврдени, но не кажа дали бил во контакт со претставници на Пјонгјанг.

„CNN“ објави претходно оваа недела дека САД ги следи разузнавачките информации дека Ким е „во сериозна опасност по операцијата“, според американски официјален претставник. Друг официјален претставник на САД изјави во понеделникот за „CNN“ дека загриженоста за здравјето на Ким е веродостојна, но нивната сериозност е тешко да се процени.

После извештајот на „Daily NK“, онлајн весник со седиште во Јужна Кореја, кој се фокусира на Северна Кореја, дека наводно врз Ким била извршена операција на срцето поради „прекумерно пушење, дебелина и прекумерна работа“. Потоа беше информирано дека Лидерот сега прима третман во вила во округот Хиангсан.