четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Црниот биланс расте: Еве колку загуби Франција поради протестите кои беснеат еден месец

Франција брои загуби во милијарди.
Црниот биланс расте: Еве колку загуби Франција поради протестите кои беснеат еден месец

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе се обрати пред нацијата.

„Жолтите елеци“ речиси еден месец се на улиците ширум земјата, а во судири со полицијата биле снимени како бараат оставка од претседателот.

Макрон, како што пишуваат дел од медиумите, бил невообичаено тивок по жестоките протести против неговите политики, а поради притисокот бил присилен да се откаже од данокот на гориво, чија најава ги запали протестите.

„Жолтите елеци“ сега бараат намалување на даноците, поголема минимална плата и поголеми пензии. Велат, нема да се откажат од своите барања.

Во меѓувреме, пребројани се штетите настанати по демонстрации во центарот на Париз. И покрај коментарите дека полицијата многу подобро ја контролира ситуацијата, се покажа дека уништувањето било поголемо од викендот претходно кога случувањата во главниот град на Франција се споредуваа со воена состојба.

Тогаш е оштетена Триумфалната порта, но и други знаменитости. Вчера биле отворени славниот париски музеј и вклучени биле празничните светилки. Продавниците во центарот на градот повторно ги отвориле своите врати. Но, штети се поголеми од претходно.

-Многу штети настанаа вчера отколку една недела претходно, поврдил вчера заменик градоначалникот на Париз.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, 1723 лица се уапсени ширум земјата. Во притвор останале 1.220, а според податоците на властите во демонстрациите во саботата учествувале околу 136.000 лица.

Министерот за финансии изјавил дека протестите биле катастрофални за економијата. Се уште нема точни проценки, но француското здружение на трговци објавило дека трговците изгубиле милијарда евра од почетокот на протестите на 17 ноември. Прометот во рестораните, пак, паднал за 20 до 25 проценти.