петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Црвената улица“ во Амстердам се сели на друга локација

„Црвената улица“ во Амстердам се сели на друга локација

Градоначалничката на Амстердам, Фамке Халсема денеска предложи излозите познати како „црвени фенери” или „Црвената улица“, каде што сексуалните работнички и работници ги нудат своите услуги, да бидат затворени, или пак, тие да бидат преместени во друг дел од градот.

Како што истакна Халсема, целта на оваа идеја е да се заштитат правата на сексуалните работници, спречување криминал и отстранување на проблемите на околните жители и компаниите.

„Црвените фенери” имаат долгогодишна традиција и се наоѓаат близу главниот градски пловен канал. Последниве години, градските власти настојуваат да го намалат бројот на излози, кој изнесува вкупно 330. Главно навечер, групи туристи го разгледуваат ова подрачје.

Тука има и кафулиња во коишто се продава марихуана.

Во соопштението на градските власти се наведува и дека за некои туристи, сексуалните работници се само „атракција за гледање“ и ништо повеќе од тоа.