четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДА НЕМА КОВИД ТЕСТ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ Авиокомпаиите во САД бараат Бејден да ги олабави мерките

ДА НЕМА КОВИД ТЕСТ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ Авиокомпаиите во САД бараат Бејден да ги олабави мерките

Американските авиокомпании и туристичките агенции побараа од владата на претседателот Џо Бајден да ја укине обврската за вакцинираните патници да покажат негативен тест за коронавирус за да можат да влезат во САД, со цел закрепнување на туристичкиот сектор.

„Закрепнувањето на секторите за туризам и воздушен транспорт зависи од одлуката на владата да ги укине ограничувањата кои повеќе не се оправдуваат со сегашните околности“, напишаа околу 30 професионални здруженија во писмо до координаторот за борба против ковид-19 во Белата куќа, Џефри Зиентс.

Еден од потписниците, „Ерлајнс фор Америка“, лоби група што ги застапува компаниите како „Американ ерлајнс“, „Делта ерлајнс“ и „Јунајтед ерлајнс“, го објави писмото на својата веб-страница.

Трите компании неодамна предупредија дека Омикрон верзијата на новиот коронавирус, која е многу заразна, но помалку опасна, ќе го одложи закрепнувањето за еден до два месеца.