Денеска, Европската комисија предложи да се продолжи употребата на дигиталните сертификати за ковид на ЕУ до 30 јуни 2023 година, со оценка дека вирусот Ковид-19 сè уште е распространет во Европа и дека граѓаните мора да се осигураат безбедно да патуваат во ЕУ и да користат сертификати.
„Мора да бидеме подготвени за евентуално зголемување на инфекциите во вториот дел од оваа година или од појава на нови соеви“, соопшти ЕК.
Комисијата наведува дека потврдите за ковид се вонредна мерка и дека ќе бидат укинати кога веќе нема да бидат потребни.
Комисијата, исто така, предложи вклучување на висококвалитетни лабораториски антигенски тестови меѓу видовите тестови за кои може да се издаде сертификат за тестирање, како и евиденција за бројот на дози администрирани во која било земја-членка, а не само во онаа што издала сертификат.
Европскиот парламент и Советот на ЕУ треба да одлучат за предлогот на Комисијата за да влезат во законска процедура.