Данските воздухопловни сили пресретнаа два руски бомбардери кои летаа над Данска и кон воздушниот простор надгледуван од Холандија во име на НАТО, соопшти холандското воено воздухопловство, пренесе Скај њуз.
Холандските Ф-16 беа подготвени да ги пресретнат бомбардерите пред да влезат во воздушниот простор на НАТО, соопштија воздухопловните сили – но руските авиони се свртеа пред официјално да преминат на холандска територија, откако данските авиони беа испратени да ги пресретнат.