петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Демократите во САД ќе избираат кандидат за претседател на државата во јули 2020 година

Демократите во САД ќе избираат кандидат за претседател на државата во јули 2020 година

Демократската партија на САД го закажа за средината на јули 2020 година партиски конгрерс на кој ќе се номинира кандидат за претседателските избори во таа година.

Претседателот на Демократскиот национален комитет Том Перес објави дека конгресот ќе се одржи од 13 до 16 јули 2020 година. Се очекуваат околу  20 кандиати за партиската номинација.

Перес додаде дека се ангажира процедурата за номирање партиски кандидат да биде најтранспарентна досега.

МИА