вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Десет загинати и десeтици исчезнати при свлечиште на Филипините

Десет загинати и десeтици исчезнати при свлечиште на Филипините

Најмалку 10 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а десетици други се водат како исчезнати, при лизгање на земјиштето во централниот дел на Филипините.

Свлечиштето, кои било предизвикано од поројните дождови што деновиве го зафатија тој дел од Филипините, однело најмалку 30 куќи.

Од погодените области се евакуирани 300 луѓе, а акција за спасување е во тек. Се стравува дека најмалку 64 лица се затрупани под урнатините.

Филипинските медиуми јавија дека две лица кои во својот дом останале затрупани под наноснот на свлечиштето, испратиле СМС пораки со барање за помош.

Минатиот викенд Филипините беа погодени од ураганот Мангхут, при што загинаа 88 лица. (МИА)