сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Десетици загинати украински војници во руски напад врз касарна во Николаев

Десетици загинати украински војници во руски напад врз касарна во Николаев

Десетици војници се убиени откако руски војници нападнаа украинска воена касарна во јужниот град Николаев, изјавија денеска очевидци за западни медиуми додека трае спасувачката операција.

Според нив, во касарната имало околу 200 војници вчера во момент кога била нападната од руски војници.

Извлечени се најмалку 50 тела, тврдат тие и додаваат дека бројот на загинати е над 100.

Властите се уште не објавија официјален број на загинати.