Во близина на Џенова, северна Италија, се урна надвозник, дел од автопатот А-10, при што загинаа десетина луѓе.
Во несреќата се урнаа околу 200 метри од сто метри високиот надвозник, при што паднаа најмалку десет автомобили.
Италијанската новинска агенција АНСА јави дека властите се сомневаат дека причина за несреќата е недоволната стабилност на конструкцијата на надвозникот.
Надвозникот бил изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.