петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Детали за спречениот терористички напад во Белгија

Детали за спречениот терористички напад во Белгија

Белгиските власти во текот на изминатиов викенд при полициска операција спроведена во источните предградија на Брисел, спречиле нов терористички напад во Франција.

Белгиското обвинителство за тероризам соопшти денеска дека нападот требало да биде извршен на 30 јуни врз собирот на иранската опозициска група Ирански народни муџахидини (МЕК) во близина на Париз, на кој присуствуваа околу 25.000 луѓе.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, белгиската полиција во саботата уапсила брачна двојка со иранско потекло – Амир С., (38) и неговата сопруга Насимех Н. (33), кои биле запрени додека патувале возило во кое биле пронајдени експлозиви и експлозивни направи и со кое требало да биде извршен нападот.

Приведените Иранци имале документи за престој во Белгија.

Истовремено во Франција и Германија се уапсени уште две лица поврзани со иранската двојка. Едниот е ирански дипломат во Амбасадата во Виена.

МИА