недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Децата во Франција ги избодел мигрант: Во Шведска добил статус на бегалец, две момчиња се во тешка состојба

Децата во Франција ги избодел мигрант: Во Шведска добил статус на бегалец, две момчиња се во тешка состојба

Француската полиција уапси маж со сириско потекло, кој е осомничен дека денеска во парк во Анеси избодел осум деца на возраст од три години и едно постаро лице.

Две деца се во критична состојба, а на местото на злосторството има бројни полициски патроли и екипи на итната помош.

Според француските медиуми, кај осомничениот за нападот била пронајдена сириска лична карта.

Во текот на истрагата било утврдено, дека тој во ноември минатата година, поднел барање за азил во Франција, а статусот на бегалец во Шведска го добил на крајот на април годинава.

Во овој момент не е познат мотивот за нападот, ниту пак степенот на повредите на останатите деца кои беа избодени со нож во паркот.