Девет лица се пронајдени мртви откако пожарот ја зафати викендичката каде биле сместени лица со посебни потреби во регионот Алзас во североисточна Франција.
Локалните власти претходно соопштија дека по пожарот 10 возрасни лица со лесна ментална попреченост и еден негувател се водат како исчезнати.
Пожарот избувна утрово околу шест часот и 30 минути и огнот е ставен под контрола. (МИА)