„Колку сум горда на луѓето во овој град“, „Ова е солидарност“, се дел од коментарите за видеото од луѓето во Нови Сад кои стрпливо чекаат во ред за да купат крофни од штандот на 11-годишната Нина, која стана регионална мала хероина, откако со продажба на крофни почна да собира пари за лекување на болниот татко. Ова е хуманост на дело!
Нина Нинковиќ (11) од Нови Сад стана вистинска мала хериона, откако медиумите ја објавија приказната за девојчето што продава крофни за 100 динари (50 денари), а парите ги собира за лекување на нејзиниот татко во Москва.
Сега, за крофните што ги продава Нина се создаде километарска колона во центарот на градот, а таа во едно попладне успеа да продаде преку 500 крофни.
Видеото од луѓето кои стрпливо чекаат на ред за да купат крофни од Нина стана вирално, а јавноста во регионот ја поздрави хуманоста на новосаѓани со порака дека младите како Нина се светол пример за општеството.
„Колку сум горда на луѓето во овој град“, „Ова е солидарност“, „Па знаете ли колку крофни требаат овде?“, се само дел од коментарите на видеото.
Крофните ги правеа мајка ѝ и баба ѝ на Нина, а сега им помагаат и сосетките, бидејќи не можат да постигнат сами поради огромната побарувачка.
Нина го привлече вниманието на јавноста откако неколку локални медиуми ја објавија приказната за 11-годишното девојче што пред својата куќа продава домашни крофни за да собере пари за својот татко, кој треба да оди на лекување во Москва.
фото: принтскрин Youtube
Иако прима терапија во Србија, Зоран треба да оди на операција во Русија, но семејството нема доволно средства. Поради ова, се отворени и неколку линии за донации, а Нина и нејзините родители се надеваат дека ќе успеат да ги соберат средствата.
Погледнете го видеото:
View this post on Instagram