Хирурзите во една болница во индиската држава Вест Бенгал од стомакот на една девојка извадиле накит и монети во вредност од 60.000 евра.
Дваесет и шестгодишната Руни Катун се јавила во болницата кон средината на јули, кога започнала да го повраќа секој оброк.
Лекарите ја упатиле на итна операција и тогаш виделе што се крие во нејзиниот стомак.
Во текот на операцијата хирурзите останале шокирани, откако од стомакот на Индијката биле извадени 69 златни синџирчиња, 80 обетки, 46 монети, осум медалјони, 11 носни обетки, четири клуча, пет нараквици за нога и еден рачен часовник.
Катун голтала накит од продавници, но и дома. Нејзината мајка раскажала дека забележала дека почнале да исчезнуваат синџирчиња и обетки од нејзиниот дом, но немала претстава дека нејзината ќерка ги голтала.
Состојбата на девојката е стаблизирана, но и понатаму е задржана на лекување, пренесуваат агенциите.