Соединетите Американски Држави не ја занемаруваат можноста Русија да се обиде да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина, бидејќи Москва продолжува да се соочува со тешкотии на бојното поле, изјави денеска директорот на ЦИА, Вилијам Бернс.
-Со оглед на потенцијалниот очај на претседателот (Владимир) Путин и руското раководство, со оглед на неуспесите со кои досега се соочуваа на воен план, никој од нас не може несериозно да ја сфати заканата од потенцијалното прибегнување кон тактичко нуклеарно оружје или нуклеарно оружје со ниска издашност“, изјави тој при обраќањето на Институтот за технологија во Џорџија, пренесува Си-Ен-Ен.
ЦИА „го набљудува тоа многу внимателно“, рече Барнс. Но, тој нагласи дека САД допрва треба да видат знаци дека Русија се подготвува да преземе таков чекор.
-Иако видовме некои реторички ставови од страна на Кремљ за преминување кон повисоки нивоа на нуклеарна тревога, досега не видовме многу практични докази за распоредувања или воени диспозиции што би ја засилиле таа загриженост – но ние го следиме тоа многу внимателно, рече Барнс. (МИА)