четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Директорот на ЦИА во Киев ќе се сретне со Зеленски

Директорот на ЦИА во Киев ќе се сретне со Зеленски

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс е во главниот град на Украина за да се сретне со претседателот Володимир Зеленски и неговите колеги од разузнавањето. Барнс беше на безбедно во американската амбасада за време на руските ракетни напади врз Киев.

Неговото патување доаѓа по состанокот во понеделникот во Турција со неговиот колега од руската разузнавачка служба, Сергеј Наришкин.

Според официјален претставник на САД, Барнс „разговарал за неговото предупредување кој го испратил до шефот на СВР на Русија да не користи нуклеарно оружје и ја засили посветеноста на САД за поддршка на Украина во нејзината борба против руската агресија“.