Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус допатува во Пекинг, каде ќе разговара со кинеските официјални претставници за борбата против ширењето на смртоносниот коронавирус, од кој во Кина починаа 81 лице, а 2.750 се заразени.
Минатата недела СЗО не прогласи глобална вонредна здравствена состојба и констатира дека Кина преземала соодветни мерки, вклучувајќи изолирање на повеќе градови и подрачја со околу 50 милиони луѓе, со цел да се спречи ширење на вирусот.
Директорот на СЗО изјави дека нема да се двоуми да го свика Комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација доколку процени дека ситуацијата во Кина е влошена.