сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

dm повлекува уште еден производ

dm повлекува уште еден производ

Како мерка на претпазливост, dm дрогерие маркт го повлекува од продажба производот dmBio оризови галети со малина за деца од 8 месеци, 35 г. од земјите каде овој производ е достапен во продажба.

Погодени од ова повлекување се исклучиво производите со рок на траење 4.6.2024, односно број на шаржа „NL157“. Рокот на траење е лесно видлив во задниот дел на пакувањето.

Овој производ го нема и никогаш не бил достапен во асортиманот на dm во Македонија!

Од компанијата информираат дека причина за повлекувањето е што не може да биде исклучена можноста, дека во одредени пакувања со наведен рок на траење може да се најде зголемено ниво на афлатоксин, супстанца која штети на здравјето на луѓето доколку се консумира подолг период.

-Бидејќи квалитетот и безбедноста на нашите производи и купувачи имаат највисок приоритет во dm, Ве замолуваме доколку го имате набавено овој производ од некоја друга dm-земја да не го консумирате и да го вратите во најблиската dm дрогерија, каде секако ќе Ви биде обезбеден поврат на средства, велат од dm.