сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

До утре има резерви на кислород во исчезнатата подморница, норвешки брод опремен со роботи се вклучува во потрагата

До утре има резерви на кислород во исчезнатата подморница, норвешки брод опремен со роботи се вклучува во потрагата
епа

Повеќенаменски брод опремен со два автономни подводни роботи се вклучи во операциите за пронаоѓање на малата подморница „Титан“, исчезната во близина на потонатиот брод Титаник во Северен Атлантик, објави денеска нејзиниот сопственик, норвешката услужна групација DOF.

„Сканди Винланд пристигна на местото каде се врши потрагата во вторник околу 19 часот по локално време. Сканди Винланд распореди два ROV (подводни возила на далечинско управување) за да придонесе во истражувачките напори собрани под команда на крајбрежната стража на САД“, се вели во соопштението на ДОФ.

Повеќе бродови и авиони, вклучително и американски и канадски, се вклучени во трката со времето за пронаоѓање на петте преживеани од малата подморница „Титан“, исчезната од неделата во близина на потонатиот брод Титаник, чии резерви на кислород се очекува да се потрошат утре.

Во потрагата е вклучен и француски брод од Ифемер, исто така опремен со робот.