Неколку словачки судови денеска добија дојава за подметната бомба, вклучувајќи го и Врховниот суд во Братислава, соопшти словачката полиција.
Полицијата ги пребарува сите судови за да утврди дали дојавата е лажна.
Меѓу судовите што утрово добија дојава е и Специјализираниот кривичен суд во Банска Бистрица.