среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дојче банк пријави профит од 1,3 милијарди евра, првпат од 2014 година

Дојче банк пријави профит од 1,3 милијарди евра, првпат од 2014 година

Најголемиот германски кредитор Дојче банк денеска објави профит во износ од 1,3 милијарди евра, пред оданочувањето за 2018 година.

Ова е првпат од 2014 година германската банка да пријави профит.

Нето приходот изнесува 341 милиони евра.

– Нашето враќање кон профитабилност покажува дека Дојче банк е на вистинскиот пат. Сега, наш приоритет е да го направиме следниот чекор. Во 2019 година наша цел е не само да ги намалиме трошоците, туку и да направиме инвестиции во развојот, изјави извршниот директор Кристијан Шивинг.