Доминик Пецола, член на екстремната десничарска група „Горди момчиња“, и препознатливо лице од толпата што учествуваше во нападот на Капитолот на 6 јануари 2021 година, денеска беше осуден на десет години затвор.
Ова е втора доделена долгогодишна казна затвор по 17 годишната робија за лидерот на „Горди момчиња“ (Proud Boys) Џозеф Бигс (38) кој го водеше упадот а беше осуден вчера.
Пецола (46), поранешен маринец, е осуден за бројни злосторства поврзани со неговото учество во упадот како спречување официјална процедура и уништување владин имот. Но тој не е осуден за заговор за повик на бунт„ како например лидерите Енрике Тарио и Бигс.
Во обвинителниот акт тој е опишан како „амбициозен пешаден војник “ и еден од „најнасилните членови на 6 јануари 2021 година“.
Според доказите презентирани на судењето за време на нападот Пецола нападнал полицаец, украл штит од специјалците, и го искористил штитот да скрши прозор.на Капитолот и да влезе во зградата. Оттаму на социјалните мрежи испратил слика со пцовки и повик „знаев дека… ќе ја заземеме ако се потрудиме посилно“. (МИА)