недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Доставен до грчкиот Парламент буџетот за 2020

Доставен до грчкиот Парламент буџетот за 2020

Министерот за финансии на Грција, Христос Стајкурас денеска на претседателот на грчкиот Парламент му го достави буџетот за 2020 година, а следната седмица ќе биде разгледан на четири седници на надлежната комисија за економски прашање, додека гласањето на пратениците ќе биде дополнително закажано веројатно пред божиќните празници, јави дописничката на МИА од Атина.

Стајкурас рече дека буџетот за следната година ги имплементира сите заложби на владата согласно нејзината програма

-Изразува оптимизам, но не ги надминува границите на реализмот. Постигнува рамнотежа помеѓу економската ефикасност и социјалната правда. Вклучува политика за постигнување реални цели. Интегрира иницијативи за зајакнување како на понудата, така и на побарувачката во економијата. Насочен е кон помагање на процесот на развој преку зајакнување на инвестициите.

, рече министерот за финансии на Грција.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, трошоците за 2020 се предвидува да достигнат до 57,16 милијарди евра, за 722 милиони повеќе во споредба со предвидувањата за тековната година, додека пак нето приходот на државниот буџет предвидено е да изнесува 54,71 милијарди евра, 0,8% повисок во однос на процените за 2019 година.