петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Довербата во економијата на Еврозоната на најниско ниво во последните две години

Довербата во економијата на Еврозоната на најниско ниво во последните две години

Довербата во економијата на Еврозоната овој месец паднала на најниско ниво во последните речиси две години, последица на забележаниот значителен пад во производствениот и во услужниот сектор, покажуваат денеска објавените резултати од истражувањето спроведено од Европската комисија.

Очекувано, индексот на економската доверба во октомври се намалил на 92,5 поени од 93,6 минатиот месец, на ниво најниско од ноември 2020 година.

Според резултатите од истражувањето, во преработувачкиот сектор индексот на економска доверба паднал за 1,2 поени, на ниво најниско ниво од јануари 2021 година.

Значително влошување бележат и проценката на менаџерите за сегашното ниво на нарачки.

Намалената доверба во производствениот и услужниот сектор е делумно неутрализирана со благо подобрување на довербата кај потрошувачите и малото зголемување на деловната активност на трговците на мало.

Индексот на доверба на потрошувачите во Еврозоната во октомври се искачи на -27,6 поени, од рекордно ниското ниво од -28,8 поени забележано минатиот месец.

Порасна и индексот на доверба во градежниот сектор во октомври, до 2,6 поени наспроти 1,8 поени во септември, последица на оптимистичките очекувања на градежните компании за дополнителен ангажман работна сила.  (МИА)