Шпанската полиција уби маж кој мавтал со нож пред центарот за вакцинација во Мадрид.
Според локалните медиуми, маж од Африка дошол во центарот за вакцинација вооружен со нож. Кога луѓето кои чекале да се вакцинираат виделе дека е вооружен, го предупредиле персоналот на контролниот пункт, кој ја затворил вратата.
Лут што не можел да влезе во вакциналниот пункт, мажот наводно им се заканувал на случајните минувачи додека не дошла полицијата и отворил оган врз него кога се обидел да нападне еден од полицајците.
Полицијата потврдила дека инцидентот се случил. “Еден човек нападнал полицаец кој бил принуден да пука во него. Бидејќи напаѓачот не застанал, пукале и други полицајци”, соопштила полицијата.
Напаѓачот починал на лице место, а медиумите јавуваат дека еден полицаец е расечен по раката.
#EXCLUSIVA7NN Momentos después de que la Policía tuviera que abatir a tiros a un inmigrante nigeriano que había enloquecido con un cuchillo.
El atacante entró a un centro de salud en Villaverde, (Madrid), se resistió e hirió a un agente.
“¡SAMUR urgente!” pic.twitter.com/12lQ4zL8sd
— 7 Noticias (@7nn_Tv) November 5, 2021