Предлог-законот со кој се зголемува старосната граница за пензионирање во Русија го помина третото завршно читање во Думата.
Според предлог-законот старосната граница за пензионирање се зголемува за пет година, на 65 години за мажите и на 60 години за жените.
За да се озакони предлогот потребно е да биде изгласан во Горниот дом од рускиот Парламетн и да го потпише претседателот Владимир Путин.
Предлог законот предизвика масовни протести ширум Русија поради што Путин побара да се ублажат реформите на пензискиот систем.