петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дури 180 севернокорејски авиони на границата, Јужна Кореја ги подигна „невидливите“ ловци

Дури 180 севернокорејски авиони на границата, Јужна Кореја ги подигна „невидливите“ ловци

Околу 180 воени авиони на Северна Кореја детектирани се кај границата со Јужна Кореја, објави јужнокорејската новинска агенција „Yonhap“, пренесе „Ројтерс3.

Поради тоа Јужна Кореја итно ги дигна своите „невидливи“ ловци.

Севернокорејските авиони се детектирани во воздухот меѓу 11 и 15 часот, по локално време, над граничното подрачје, како и над источниот и западниот брег.

Јужна Кореја ги пушти „невидливите“ ловци

Јужна Кореја како одговор на провокацијата ги подигна во воздух „невидливите“ ловци, за чиј број не известува, од типот „F-35“, објави војската, додавајќи дека 240 борбени авиони учествуваат во заедничката воена вежба со американската војска во состојба на готовност.

Во последните неколку дена Северна Кореја лансираше серија проектили преку Јужна Кореја, на што оваа земја одговори со испалување сопствени ракети во морето крај Северна Кореја. Во исто време се одржуваат заеднички воени вежби на американската и јужнокорејската армија, кои Пјонгјанг ги опиша како рповокативни.

Десет севернокрејски воени авиони изведоа слични маневри минатиот месец, што ја натера Јужна Кореја да ги дигне авиони.

Северна Кореја, дополнително испалила 80 топовски проектили на морската гранична зона во текот на ноќта, соопшти Јужна Кореја утрово, додека министрите за одбрана на Јужна Кореја и на САД ветија дека ќе покажат одлучност соочени со ракетните тестови на Северот.