недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Два кандидати за помошник генерален секретар на Советот на Европа

Два кандидати за помошник генерален секретар на Советот на Европа

Комитетот на министрите на Советот на Европа денеска на Парламентарното собрание на Советот на Европа му ги поднесе двете кандидатури за функцијата помошник генерален секретар на Советот на Европа, јави дописникот на МИА.

Кандидати се Бјорн Берге од Норвешка и Лејла Кавачик од Турција.

Парламентарното собрание на Советот на Европа новиот помошник генерален секертар на најстарата паневропска организација ќе го избере на својата следна пленарна сесија. Пролетната и летната сесија, која требаше да одржи во текот на оваа недела во Стразбур беа одложени поради пандемијата со Ковид-19. (МИА)