Двајца новинари на Ројтерс се повредени денеска во украинското гранатирање кај Северодонецк на североистокот на земјата, потврдил за ТАС С извор од британската агенција.
Изворот од Ројтерс изјавил дека украинската армија го гранатирала патот и дека бил погоден автомобилот во кој биле
новинарите.
„Мал фрагмент од шрапнел што го погоди ногата на Александар е отстранет и тој може да оди, а раката на Павел е скршена“, рекол изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болницата во градот Рубежноје.