четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две лица загинаа, а најмалку 240 се повредени во силен земјотрес во Иран

Две лица загинаа, а најмалку 240 се повредени во силен земјотрес во Иран

Серија од три земјотреси, првиот со интензитет од шест степени според Рихтерова скала, синоќа го погодија западниот дел на Иран.

Според иранската агенција Мехр, две лица загина, еден маж и една бремена жена, а повеќе од 241 се повредени.

Претходно беше соопштено дека загинало едно лице, а над 140 се повредени.

Американскиот геолошки институт соопшти дека другите два земјотреса биле со интензитет од 4,4 и 4,2 степена, а епицентарот се наоѓал во близина на градот Џаванруд во провинцијата Керманшах, со население од околу 621.000 жители, на длабочина од 10 километри под површината на земјата.

Земјотресите биле почувствувани и во ирачкиот главен град Багдад. (МИА)