вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две лица загинаа, пет се ранети во ракетен напад во родниот град на Зеленски

Две лица загинаа, пет се ранети во ракетен напад во родниот град на Зеленски

Две лица загинаа, а пет се ранети  утринава во руски ракетен напад врз градот Кривји Рих, во централна Украина, соопшти Валентин Резниченко, шеф на воената регионална управа на областа Дњепропетровск.

Меѓу повредените има и две деца, кои се хоспитализирани.

Претходно денеска заменик шефот на кабинет на украинскиот претседател Кирило Тимошенко изјави дека во Кривји Рих, родниот град на претседателот, била погодена станбена зграда и дека под урнатините може да има жртви.

Масовните ракетни напади од  утринава врз повеќе градови и региони низ Украина се последни во серијата што руските сили ја почнаа уште во октомври со цел да ја уништат украинската електрична мрежа и инфраструктура. Ваквите напади предизвикаа низа прекини во снабдувањето со струја, вода и парно, што е особено опасно за цивилното население во студените зимски месеци.  (МИА)